Организација

Правна структура 

Фондот за развој на општинска инфраструктура, правно регистриран под назив MIDF S.A., SICAV-SIF’, е друштво за инвестиции со мешан капитал “société d’investissement à capital variable” и подлежи на законот на Луксембург од 13 Февруари 2017 година. MIDF е основан од strana na Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБРД) и Германската кредитна банка за обнова (KfW). Покрај ЕБРД и КфВ, акционери се три институционални инвеститори: Германскаа влада, преставувана од Федералното Министерство за економска соработка и развој (BMZ), Швајцарската влада, претставувана од Државниот секретаријат за економски прашања при Шведската конфедерација (SECO), како и инвестицискиот управител на MIDF, Франкфуртската школа за финансиски услуги (FSFS).

Управувачка структура

Борд на Директори 

MIDF е управувана од Борд на Директори (Директори) кои ги претставуваат акционерите. Акционерите на секоја класа на акционерски удел имаат право да му предложат на Генералното собрание на акционери кандидати за позицијата Директор на Фондот.

Бордот ги сноси главните одговорности за сите аспекти на администрацијата и управувањето со Фондот. Особено, Бордот е задолжен за одредување на деловната позиција на Фондот и обезбедување на услогласеност во работењето со основите на мисијата на Фондот. Бордот го назначува и разрешува Управителот на инвестициите, како и Членовите на Комитетот за инвестиции. 

Комитет за инвестиции 

Комитетот за инвестиции се избира од страна на Бордот. Сите предлози за инвестиции и дивестиции кои се доставени од страна на Управителот на инвестиции се одобрени од Комитетот за инвестиции.  Комитетот за инвестиции исто така ги надгледува активностите на Управителот на инвестициите и ги надгледува резултатите на портфолиото, како и усогласеноста на работењето со правилникот за инвестиции и насоките дадени од Фондот. 

Управител на инвестиции 

Секојдневното управување со средствата и работењето на MIDF му се доделуваат како обврска на Управителот на инвестициите. Управителот на инвестициите е конзорциум сочинет од страна на Франкфуртската школа за финансиски услуги ( FSFS ) и EPTISA Инжењерски услуги S.L. ( EPTISA ).  Управителот на инвестициите ги избира банките учеснички, внимателно ги разгледува кредитните инвестиции предложени од страна на банките учеснички, го следи работењето на и резултатите од портфолиото, и обезбедува усогласеност на работењето со правилата за набавка на MIDF, како и со процедурите за заштита на животната средина.  Управителот на инвестициите исто така управува со Техничката помош (Техничка помош).