Австрија

Влада на Австрија, Федерално Министерство за Финансии: поради традицијата на културни, економски и политички релации, Австрија секогаш му давала особена важност на Западен Балкан, а ова се одразува во силниот фокус на Федералното Министерство  за Финансии во контекст на неговата Надворешна Економска Програма. Во поддршка на мисијата на MIDF, Австриското Федерално Министерство за Финансии обезбедува финансирање на грантови за Техничка помош на крајните корисници на MIDF и ограничено ко-финансирање на грантови за проекти со висок приоритет во одредени случаи.

Government of Austria, Federal Ministry of Finance for MIDF

Швајцарија

Швајцарска Конфедерација, Државен Секретаријат за Економски Работи (SECO): SECO е центар на компетентност за интернационална економска соработка во Швајцарската Конфедерација. Нејзината цел е да воспостави одржлив економски развој преку јасни одредби и принципи на владеење за економски и трговски развој во земјите партнери, преку споделување на експертиза и финансирање на проекти. На тој начин SECO ја промовира мисијата на MIDF за развој на стабилен и ефикасен финансиски сектор со цел да овозможи услуги за основна инфраструктура на одговорен и поволен начин. 

SECO не е само директен акционер во MIDF, туку овозможува финансирање на грантови за техничка помош на MIDF и експертиза во управувањето со средствата за техничката помош.

Swiss Confederation, State Secretariat for Economic Affairs (SECO) for MIDF