• Добредојдовте ...

    ... на веб страната на Фондот за развој на општинска инфраструктура.

    <
    >
  • Техничка помош

    МИДФ е првиот чекор кон подобрување на инфраструктурните средства со прилагодена техничка помош за банките учеснички и/или општините.

    <
    >
  • Банки учеснички

    МИДФ има за цел развој на комерцијален банкарски пазар за кредитирање на општини зголемувајќи ги вештините на комерцијалните банки да го анализираат и преземат ризикот од општините.

    <
    >

Цели

Мисија 

Мисијата на Фондот за развој на инфраструктура во општините, накратко МИДФ, е да се постигне долгорочна одржливост на услугите на општините, а истовремено да придонесе за развој на пазарот за кредитирање на општините во земјите од Западен Балкан. 

Предизвици - недостаток на фондови за инфраструктура  

Локалната инфраструктура во земјите од Западен Балкан заостанува од аспект на можности и извори за инвестициска поддршка. Последните финансиски и економски неприлики имаа големо влијание врз националните и регионалните буџети во регионот и ги ограничија можностите за обезбедување финансиски средства за инвестирање во инфраструктура. Во периодот од 2008 до 2013 година, јавните инвестиции во Западен Балкан значително се намалија за повеќе од 30%. Општините продолжија да се обидуваат да го пополнат инвестицискиот јаз преку алтернативни надворешни извори на средства заради нивната ограничена кредитоспособност, недоволниот капацитет и ограничениот апетит за ризици на комерцијалниот банкарски сектор. Како резултат на ова, општините најчесто немаат пристап до финансиски средства потребни за суштинските инвестиции. Ова доведува до несоодветна и неодржлива ситуација, особено со оглед на очекувањата дека регионот ќе стане членка на Европската унија. 

Наша визија – да овозможиме инвестиции во инфраструктурата

Со цел да се постигнат горенаведените цели, Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД) и Кредитната Банка за Обнова на Германија KfW го основаа MIDF – Фондот за инфраструктурен развој на општините во 2013 година. MIDF нуди доглорочно финансирање потребно за инфраструктурните инвестиции и помага да се премости недостатокот на фондови во земјоте од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, и Србија. 

Нашиот приод е – партнерство со комерцијалните банки

MIDF работи во соработка со одбрани локални комерцијални банки во регионот (банки учеснички) за истите да ги прошират изворите за финансирање во инфраструктурата на општините. MIDF ко-финансира проекти заедно со банките учеснички со коишто ја дели одговорноста за кредитен ризик и/или пак преку обезбедување на ликвидни средства. Користејќи ја експертизата на своите акционери и минато искуство, MIDF се фокусира единствено на инфраструктурни инвестиции во општините. Ова ги опфаќа сите инвестиции во градба на нова или реновирање/модернизација на постоечката инфраструктура во водоводна мрежа, одводна мрежа и канализација, отпад и фекални мрежи, локални мрежи за напојување со електрична енергија, мерки за подобра енергетска ефикасност, социјална инфраструктура и јавен транспорт (прифатливи инвестиции). Локалните општини се крајните корисници на инвестициите на MIDF. 

Техничка помош

За да се поддржи мисијата на Фондот и да се обезбеди успешно спроведување на инвестициските проекти, MIDF мобилизира меѓународни донатори кои нудат грантови за техничка помош и на банките учеснички и на прифатливите корисници на фондовите. Ова вклучува поддршка од грантови за подготовка на проекти, спроведување и иницијативи за обуки со цел да се осигура дека инвестициите се добро раководени, финансиски одржливи и се овозможени по пат на комерцијални принципи. Крајната цел на техничката помош е проектите да се реализираат брзо и со големи ефекти, истовремено градејќи капацитети за поголема ефикасност и квалитет при обезбедување на општинските инфраструктурни услуги, како и финансирањето на општинската инфраструктура (Техничка помош). 

Фокус на проектот 

Фокусот на проектот за инвециите на MIDF вклучува широка палета на инвестиции во општинската инфраструктура коишто внимателно се избираат во согласност со поставените критериуми од страна на Фондот (Прифатливи инвестиции). 

Twitter

MIDF
09/03/17 - The Shareholders and Board of MIDF decided to wind down the Fund’s operations. New investments and TA are not available.
MIDF
29/12/2016 Luxembourg - MIDF Board Meeting - Open Call BiH ==CLOSED==. No more applications will be accepted.
MIDF
#Gostivar - 25/05/2016 - Construction start of bridge on river #Vardar, financed by Komercijalna banka with #MIDF pic.twitter.com/X1s0Htww3j