Кирк Милднер (Претседател)

Г-дин Кирк Милднер (Д-р) поседува долгогодишно искуство во финансирање на инфраструктура и развој на финансискиот сектор. Од август 2014 година, тој е раководител на секторот за урбана инфраструктура и транспорт во Дирекцијата на КФВ за Југоисточна Европа и Турција. Тој е одговорен за различни проекти за управување со вода, отпадни води, цврст отпад, урбана обнова, како и за проекти за транспорт во 9 земји, со вкупен износ од над 2 милијарди евра.

Од 2009 до 2014 година бил директор канцеларијата на КФВ во Пекинг каде што се фокусирал на проекти за финансирање на отпадни води, централно греење и транспортни проекти. Пред да се пресели во Кина работел како Главен Регионален Раководител за Западен Балкан и Главен економски раководител за новите европски членки. Од 1996 до 2004 година тој бил назначен во Министерството за надворешни работи во Германија, како Советник во германските амбасади во Москва, Минск и Киев.

Г-дин Милднер студирал економија, политика и источно-европски студии во Берлин, Санкт Петербург, Загреб и Сент Ендрјус, има напишано дела на тема транзициона економија и Источна-европски прашања, и течно зборува руски, српски и украински јазик. Тој помагал во вопоставување на и бил на разни позиции во различни Бордови во институции за микрофинансирање, како што е германско-украински фонд, ВТБ Лонганг Банка (Шенжен) и МикроКредит Кина.

Жан-Патрик Maркет (Директор)

Г-дин Маркет е директор на Дирекцијата за општинска и еколошка инфраструктура при Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), со седиште во Лондон, Англија. Дирекцијата се состои од околу 50 вработени и експерти во областа на работа со општинските комунални претпријатија за водовод, отпадни води, управување со отпад, градски превоз и регионални проекти за греење во земјите од Централна и Источна Европа, Западен Балкан, Украина, Турција и Јужна и Источните медитерански земји. Во текот на последните 20 години, Дирекцијата за работа со општините на ЕБОР има инвестирано околу 5 милијарди евра во над 300 проекти во регионот.

Пред неговото назначување за шеф на Дирекцијата за животна средина и општинска инфраструктура во 2008 година, г-дин Маркет бил на позицијата Висок банкарски експерт во Секторот за природни ресурси при ЕБОР во делот за управување со нафта, гас и рударски проекти од 2001 година. Претходно, тој бил во тимот на Credit Lyonnaise во Париз и Лондон.

Академската позадина на Г-дин Маркет вклучува магистратура по менаџмент од ХЕЦ во Паришката школа за менаџмент и Магистратура по правни науки од Универзитетот Пантеон - Aсас.

Холгер Муeнт (Директор)

Др. Холгер Муент е директор за Западен Балкан во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Тој раководи со активностите на ЕБОР во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора , Македонија и Косово. Одговорен е за спроведување на околу 1 милијарда евра годишно на нови бизниси и управување на портфолио од повеќе од 5 милијарди евра, како и раководење со тим од 55 вработени. Пред неговото назначување за директор за Западен Балкан, Холгер беше Постар Банкар (Senior Banker) во Бизнис групацијата (Business Group) за Јужна и Источна Европа, Кавказ и Централна Азија во ЕБОР. Неговите должности вклучувале извршување на трансакции од приватниот сектор во сите овие земји. На почетокот на својата кариера во ЕБОР, Холгер работел за канцеларијата на главниот економист и групата за мали претпријатија.

Пред да се придружи на ЕБОР во 1999 година, Холгер го завршил својот докторат на Лондонската школа за економија и политички науки (LSE). Холгер е германски државјанин,  кој дипломирал бизнис администрација, економија и инженерство (Wirtschaftsingenieurwesen) на Универзитетот во Карлсруе( Германија).