Банки учеснички

MIDF внимателно ги избира банките учеснички врз основа на стриктни критериуми за подобност, како на пример: силна финансиска позиција, интегритет и процедури за спречување на перење пари, корпоративно управување, посветеност на работа со проекти на општините, и друго. Со поддршка на експертизата на MIDF, техничката помош и кредитните инструменти, банките учеснички имаат водечка улога за спроведување на инвестициите на MIDF на локално ниво. Тие обезбедуваат кредити и средства за успешна реализација на целните инфраструктурни инвестиции. Преку добрата соработка со банките учеснички, MIDF го мобилизира капиталот од приватниот сектор со цел да го зголеми влијанието на својата мисија и да ги задоволи потребите од финансиска средства во регионот. Преку обуки и имплементација на најдобрите практики, MIDF дополнително им помага на банките учеснички во јакнење на нивната стратегија за кредитирање на општини и нејзината реализација.   

MIDF нуди различни кредитни инструменти за поддршка на банките учеснички, вклучувајќи:

  • Кредитни линии – MIDF им обезбедува дополнителна ликвидност на банките учеснички по пазарни услови. За возврат, банките можат да ја прошират својата кредитна поддршка за крајните корисници.  
  • Преземање на ризик преку финансирање – MIDF и обезбедува договорен дел од средствата на банката за ко-финансирање на прифатлива инвестиција и сноси pro rata одговорност од ризикот за враќање на средствата.
  • Преземање на ризик преку гарантирање на средствата – MIDF и го гарантира договорениот дел од средствата на банката и ги дели потенцијалните загуби pro rata во случај на неможност за намирување на обврските од страна на корисникот. 

Во сeкој случај, банките ги кредитираат крајните корисници за тие да можат да инвестираат во прoекти. Кредитите се обезбедуваат по конкурентни услови од страна на банките учеснички, во согласност со нивните кредитни политики и нивната сопствена проценка на кредитниот ризик. Кредитите се движат помеѓу 100.000 евра и 5 милиони евра, со максимален рок на отплата од 10 години.