Акционерска структура

MIDF е структурирана како фонд со различни слоеви на капитал, секој со различно ниво на ризик и профил на поврат на капитал, со цел да биде соодветен за различни инвеститори со различен апетит за ризик. Како таква, MIDF нуди погодни можности за инвестирање за инвеститори од типот на меѓународни финансиски институции, донаторски агенции и приватни институционални инвеститори.

Фондот издава три класи на акции со различни нивоа на субординираност, ризик и профил на поврат на капитал, како и рок на доспевање. Акциите од А- класа имаат најзаштитен слој на капитал, додека акциите од Ц-класа се најризичниот слој на капиталот којшто ги сноси првите загуби.