Техничка помош

Цели

Со цел да ја исполни мисијата, да ги зајакне капацитетите и кредитирањето кон општините во Западен Балкан, MIDF им обезбедува техничка помош на банките учеснички и на корисниците.

Техничката помош е овозможена од грантови од донаторите на MIDF (Донатори). MIDF одделува и дел од годишниот приход за оваа цел.

Техничката помош го поддржува развојот, подготовката и имплементацијата за инвестициските проекти на MIDF. Се спроведува преку тим на високо квалификувани консултанти за техничка помош. Во рамките на тимот, се избира најсоодветниот консултант за секој проект посебно и според потребата.  

  • Техничка помош на банките учеснички

Техничката помош на MIDF им се дава на банките учеснички за целите на равој на силна финансиска структура за инвестирање во општинска инфраструктура. Ова опфаќа создавање на внатрешни системи и методологии за проценка на ризикот на општината и инфраструктурата, изготвување нацрти по шаблони за  финансиски документи, подготовка за длабинска анализа за влијанието врз животната и социјалната средина, следење на набавки и концесии. 

  • Техничка помош на корисниците

Техничката помош им дава поддршка на корисниците на MIDF со цел да се зголемат нивните административни и технички капацитети за време на развојот на проектот и фазата на имплементација. Ова вклучува подготовка на физибилити студии, нацрт-проект, тендерска документација, проверка на набавки и концесии, како и следење на проектот и изготвување на извештаи.