Услови на употреба

Вовед

Овој веб-сајт ("веб-страна") е управуван од страна на Фондот за развој на општинска инфраструктура ("MIDF" или "Фондот"), со седиште на булевар Ројал бр.14, L-2449 Луксембург, регистрирана во Луксембург од страна на Registre de Commerce et des Societes  под регистарски број Б-174,243.

Фондот е основан на 12 декември 2012 година, како друштво со мешан капитал, Société d’investissement à capital variable, се квалификуваат како капитален фонд со мешан капитал според законите на Луксембург од 13 февруари 2007 година за специјализирани инвестициски фондови, а е под супервизија на Комисијата за Надзор на финансиски сектор во Луксембург.

MIDF не е овластена како кредитна институција во Луксембург и не може да врши банкарски активности и/или да дава позајмици на јавноста.

Информациите содржани на оваа веб-страна се само за информативни цели. MIDF не обезбедува услуги преку веб-страната. Ниенда информација на веб-страната не може да се толкува како понуда и/или како покана за понуда за купување, продажба на инвестициски инструменти, финансиски производи и склучува на било какви други трансакции.

Затоа, секоја инвестиција или било која друга одлука што ќе ја донесете не треба да се заснова на информациите достапни на веб-страната.

Ве молиме внимателно прочитајте ги следниве услови пред да ја користите оваа веб-страна. Со користење или посета на оваа веб-страна ги прифаќате и се согласувате со овие услови на употреба ("Услови на употреба").  Ако не ги прифатите овие услови, не може да ја користите веб-страната.

MIDF го задржува правото, на своја дискреција, да врши промени, измени, дополнувања, или бришење на делови од овие Услови за користење во секое време. Затоа, ве охрабруваме повремено да проверувате на веб страната за да имате увид во важечките услови за користење коишто се обврзувачки за вас. 

Пристап

MIDF не гарантира дека веб-страницата е на располагање во секое време и без било каков прекин или дефект. MIDF го задржува правото да ја развива, да ја измени, да го тргне или да го прекине било кој аспект на веб-страната, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, содржините достапни преку веб-страната и вашиот пристап до неа.

Прифатливо користење

Не е дозволено користење на веб-страната за било какви незаконски цели или цели на измама.

Не е дозволена злоупотреба на веб-страната ако внесувате вируси, виртуелни тројанци, црви, логички бомби или друг материјал коишто се за злонамерни цели или пак технолошки штетни. Особено, не е дозволено оштетување, прекин или нарушување на веб-страната или на било кој нејзин дел, било која опрема или мрежа на којашто се чува веб-страната или било кој софтвер којшто се користи за поставување и достапност на веб-страната. Не е дозволен напад на веб-страната преку ‘denial-of-service’ напади.

Користењето на оваа веб-страна е на ваш сопствен ризик. Веб-страната, вклучувајќи ги и сите информации од нејзината содржина, е поставена без изјави или гаранции од било кој вид.

Соодветно на тоа, MIDF нема да биде одговорен за било каква загуба или штета предизвикана од вируси или било кој друг технолошки штетен материјал што може да ја зарази вашата компјутерска опрема, компјутерски програми, податоци или други сопственички материјали поради користењето на оваа веб-страна, или настанати преку преземањето на материјал објавен на веб-страната или на било која друга веб-страна поврзана со неа.

Иако MIDF прави напори да се осигура дека информациите содржани на оваа веб-страна се точни во времето на објавување, не ја гарантираа точноста,  комплетноста или погодноста за било која намена. Веб-страната може да содржи печатни грешки или други неточности, или застарени информации. MIDF не се должни да ги ажурираат таквите материјали коишто се добиени без било какви услови, гаранции или коишто подлежат на други услови од било кој вид.

Политика на приватност

MIDF има воспоставено Политика за приватност за процесот на собирање и користење на  личните податоци, а можете да ја прочитате преку користење на "Политика за приватност". Вашето користење на веб-страната значи и согласување со Политиката за приватност на MIDF, којашто е интегрален дел на овие Услови за користење. 

Ограничување на одговорноста 

Фондот нема да сноси никаква одговорност во врска со употребата на веб-страната под овие Услови на употреба, вклучувајќи и било каква одговорност за директна или индиректна штета, загуба на профит, загуба на приходи, губење на принципи на добра волја, губење на некој софтвер или податоци, губење на можности, губење на користење на компјутерска опрема или за какви било последователни или специјални загуби. 

Особено, MIDF не презема никаква одговорност за штети предизвикани од непредвидливи, несовладливи, или неизбежни настани, вклучувајќи без ограничување: случај на виша сила, штрајк или работен спор, војна или насилство, пожар или други жртва во несреќа, или кој било закон, цел или барање на било која владина агенција или орган. 

MIDF не ја гарантира и не е одговорен за веродостојноста, комплетноста и точноста на податоците зачувани на веб-страната, вклучувајќи без ограничување и содржина којашто може да вклучува и грешки и пренос или транскрипциски грешки. 

До максимален степен дозволен со применливиот закон, MIDF особено одрекува одговорност за било какви грешки, неточности и пропусти на веб-страната и за било каква загуба или штета коишто произлегуваат од нејзинотот користење, без разлика дали се предизвикани од невнимание или на друг начин. 

MIDF не ја исклучува или ограничува својата одговорност којашто произлегува од крајна небрежност или намерна злоупотреба; или за смрт или лична повреда што произлегува од нејзината небрежност, измама или било која друга одговорност што не може да се исклучи или ограничи со законот што се применува. 

Поврзани веб-страници

Оваа веб-страна може да содржи или да е поврзана со други веб-страни, совети или изјави од трети страни и таквата поврзаност е само за информативни цели. MIDF не дава никаква претстава за точноста и навременоста на информациите, и не ги проверува ваквите информации. Секое користење на информациите од веб-страната се на ваш сопствен ризик. MIDF не презема одговорност за содржината на другите веб-страни. 

Права на интелектуална сопственост

Сите авторски права, заштитени знаци, логоа, дизајни, патенти, интелектуални и други сопственички права содржани во Информациите овде или на оваа веб-страна, се во сопственост на MIDF или на соодветните даватели на лиценци како трети лица. Ниедно право на интелектуална сопственост не е лиценцирано, не е назначено никому и не смее да се пренесат ниту да се копира од лицата со користење на оваа веб-страна.

Овие Услови на употреба не даваат за право да се користи никаква интелектуалната сопственост, освен она што е дозволени тука.

Дозволено да се консултираат, печатат и преземаат делови од оваа веб-страна за ваша лична референца во поглед на користењето на оваа веб-страна, и само под услов да не се врши измена и дистрибуција на документите и информациите надвор од доменот на веб-страната.

Секаква комерцијална употреба на оваа веб-страна и на нејзината содржина е строго забрането. 

Општи одредби

Ако се прекрши некоја одредба од наведените Услови за користење, дозволата да ја користите оваа веб-страна автоматски се прекинува, а во тој случај треба веднаш да ги уништите снимените или печатените извадоци од истата.

Доколку MIDF не успее да ги спроведе правата или одредбите од овие Услови за користење, тоа нема да претставува откажување од тоа право или одредба. Називите на секој дел во овие Услови за користење се заради полесен пристап на корисниците и немаат никаква законска или договорна сила. 

Надлежен закон и јуриздикција 

Овие Услови на користење и кој било спор или барање коишто произлегуваат од, или се во врска со нив или темите обработени во нив ќе бидат регулирани од и третирани во согласност со законите на Луксембург и ќе подлежат исклучиво на надлежноста на судовите во Луксембург. 

Контакти 

Ако имате било какви прашања во врска со овие Услови на употреба или ако чуствувате дека не е одговорено на вашите проблеми, Ве молиме упатете ги вашите прашања до MIDF со користење на "Контакт" .