Политика на приватност

Вовед 

Оваа Политика на приватност ("Политика на приватност"), го уредува вашето користење на веб-страната на MIDF ("веб-страна") и го утврдува начинот на кој MIDF ги употребува и обработува вашите лични податоци коишто ни ги давате преку веб-страната. 

Општо 

Со цел да се овозможи веб-страната, и доколку е потребно, да се дополни со повеќе информации, а и за да ги исполни законските и регулаторните обврски, MIDF мора да побара од вас да обезбедите одредени информации за вас.

Оваа Политика на приватност ги опишува личните податоци што ги собираме за вас и како истите ќе се користат. 

Со користење на нашата веб-страна или со давање на вашите лични податоци во неа, вие се согласувате со условите на оваа Политика за приватност и недвосмислено се согласувате да ги користиме вашите лични податоци на начин утврдено овде. Ако не се согласувате со условите на оваа Политика за приватност, Ве молиме да не се регистрирате или да не ја користите оваа веб-страна. 

Фондот за развој на општинска инфраструктура, со седиште на, булевар Ројал бр.14, L-2449 во Луксембург, регистриран во Луксембург во Registre de Commerce et des Sociétés  под регистарски број B0174243, е правното лице коешто е одговорно за собирање и обработка на вашите лични податоци. 

Како последица на тоа, MIDF и вашите лични податоци подлежат на законите и прописите за заштита на податоците на Луксембург, на нивната повремена измена, и на регулаторниот надзор од страна на Националната комисија за заштита на податоци ("CNPD"), со седиште на Аvenue du Rock’n’ Roll, L-4361 Esch-sur-Alzette. 

Собирање и користење на лични податоци 

Ние ги собираме информациите што ни ги давате за вас при пополнување на образецот за контакт на оваа веб-страна. Таквите информации можат да се состојат од, но не се ограничени на, вашето име, email адреса, телефонски број и сите други лични податоци коишто ќе одберете да ги внесете во образецот за контакт. 

Овие информации се неопходни за контакт со вас, со цел да ви обезбедиме услуги или повеќе информации, како и да ги испочитуваме нашите правни и регулаторни обврски, или со цел да ги спроведеме или примениме условите за користење поставени од MIDF. 

Овие информации се собираат за основната цел да ви се дадат услуги и информации побарани од вас, но, исто така, можат да се користат и за маркетиншки цели. Ние исто така може да ве контактираме за да побараме ваше мислење за услугите обезбедени од страна MIDF, или за истражувачки цели за пазарот или др.

Ако одлучите дека веќе не сакате да добивате поштенски писма и/или e-mail од нас или нашите даватели на услуги, можете да нè информирате со испраќање на е-мејл или написмено и да кажете дека повеќе не сакате да примате пошта и/или електронски пораки од нас. Ве молиме да го наведете вашето точно име, поштенска адреса, и/или e-mail адреса. Ние ќе се погрижиме вашето име да биде отстрането од нашата мејлинг листа. 

Понатаму, ние собираме некои технички информации (преку употреба на cookies), кога вие ја пребарувате нашата веб-страна, како што е барање на вашата IP-адреса, интернет пребарувач и видови и верзии на веб прелистувач plug-in- и информации во врска со вашата посета, со цел да подобро раководење со и подобрување на веб-страната, како и нејзината содржина. 

Ние ќе ги чуваме вашите лични податоци колку што е потребно за целите за кои тие се собираат и/или до оној степен кадешто ние сме должни  да ги собираме истите согласно законските барања за задржување на податоци.

Вашите лични информации понатаму можат да се користат и/или да се дадат на трети лица доколку е потребно, или доколку тоа е барано со закон заради важен јавен интерес, или пак заради воспоставување на, извршување на или одбрана во случај на судски спор. 

Функција ‘Cookies’ 

Функцијата ‘Cookies’ се однесува на мали податочни фајлови коишто постојат на вашиот компјутер и ни овозможуваат да ве препознаеме како корисник ако се вратите на оваа веб-страна преку истиот компјутер и истиот пребарувач. 

Слободно можете да ја одбиете функцијата ‘cookies’  во поставувањето на вашиот пребарувач, но ако го сторите тоа може да се јават пречки во ефикасноста на користење на нашата веб-страна. 

Директно или преку трета страна како давател на услуги, може да поставиме и да користиме функција ‘cookies’ заради статистички ифнормации и анализа за користење на веб-страната. 

Функцијата на ‘cookies’ е да зачувува информации или да пристапува до информации на вашиот уред за да го пресмета бројот на индивидуални посетители на страната, да го анализира користењето на нашата веб-страна и да препознава проблеми со пребарување на истата. Овие алатки се користат за подобрување на веб-страната и за собирање на податоци за тоа колку пати е побарана веб-страната, за вашиот пребарувач (на пр. вид, јазик, верзија, поставеност) и за вашиот оперативен систем.

Функцијата ‘cookies’ е поставена така да престанува да постои по најмногу дванаесет месеци.

Информациите што се собираат за време на вашето пребарување на веб-страната ќе бидат зачувувани и обработувани на анонимна основа. Сите такви статистички информации може да бидат споделени со трети страни само во согласност со клаузулата за “Обелоденување на информации пред трети страни” содржана подолу. 

При користење на нашата веб-страна може да наидете на функција ‘cookies’ од трети страни врз коишто немаме контрола и нема да сносиме одговорност за вашето користење на истите. 

Обелоденување на информации на трети лица 

Може да ги дадеме вашите лични информации на давателите на услуги со цел да ви ја обезбедиме услуга на начин како што имате побарано, како и со цел да ви се овозможат информации коишто би можеле да ви бидат од интерес, или пак за да се спроведе истражување на пазарот. Лични податоци исто така можат да бидат обелоденети на било кои други трети лица - даватели на услуги, со цел да се одговори на вашите барања или упити, кадешто тие трети страни делуваат како соработници на MIDF и може да ги обработуваат вашите лични податоци во наше име.

Со цел да се испочитуваат законските или регулаторните обврски или барања, личните податоци можат ито така да бидат обелоденети со цел спроведување на законот, на регулаторни, владини агенции, или на други трети страни, како што ќе се побара со важечките закони и прописи. 

Во зависност од локацијата на примателите на личните податоци коишто ги собираат од вас во контекст на погоре опишаното обелоденување, вашите лични податоци може да се пренесат во земјите надвор од Европската економска област коишто не обезбедуваат еднакво ниво на заштита на лични податоци. Со прифаќањето на оваа Политика за приватност, или со внесување на вашите лични податоци, вие недвосмислено давате согласност за пренос на вашите лични податоци во тие земји, како што може да биде неопходно. 

Вие можете да побарате целосна листа на примателите на податоците и нивните локации, како и листа на видот на лични податоци коишто можат да бидат обелоденети од страна на МИДФ, а коишто може да содржат информации за вас што служеле за да ви се обезбедат услуги. 

Линкувани страници 

Како погодност за вас, оваа веб-страница може да води до линкови до други веб-страни. Ваквите веб-страни се надвор од наша контрола и се водени од своја сопствена политика за приватност, при што ние не сме одговорни за нивното работење. Ако користите какви било од овие поврзани сајтови, треба да се водите според политиката за приватност прикажана на овие веб-страни пред да ги внесете и обелодените вашите лични податоци. 

Пристап до информации 

Во секое време, имате право на пристап до и исправка на личните податоци коишто ги имаме за вас. Ако сакате да го остварите правото за пристап до или да ги измените вашите лични податоци или имате било какви прашања или проблеми во врска со вашата приватност при користење на оваа веб-страна, контактирајте го администраторот на услуги со користење на "Контакт".

Во сите случаи, ние ќе ги третираме барањата за пристап до информации или за промена на податоците во согласност со законските барања.

Безбедност на информациите 

Иако имаме воспоставени разумни комерцијални стандарди на технологија и оперативна безбедност за да се обезбеди овој сајт, како и соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци од неовластена или незаконска обработка и случајно губење, уништување или оштетување, ние не можеме целосно да го контролираме процесот и затоа не можеме да бидеме сметани за одговорни за сите прекини, упади, грешки, губење на податоци или било која друга пречка во користење на оваа веб-страна предизвикани од упади во сигурносниот систем. 

Промени на нашата Политика на приватност 

Ние можеме да вршиме измени или дополнувања на оваа политика за приватност по наша волја. Кога ќе направиме промена на оваа Политика за приватност, ние ќе го измениме и датумот на последно ажурирање на почетокот на оваа страна, а таквите измени или промени на Политиката за приватност ќе стапат на сила за вас и за вашите информации од датумот на измена. Ние ве поттикнуваме повремено да ја прегледувате оваа Политика за приватност за да бидете постојано во тек со промените.