FAQ (Најчесто поставувани прашања)

1. Што е MIDF?

MIDF е иновативен финансиски фонд, којшто обезбедува финансирање (преку кредитно задолжување) на општински инфраструктурни проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Основан е во Луксембург како приватна компанијата за инвестиции со мешан приватен капитал (" SICAV ") според законите на Луксембург.

Активностите на MIDF се поддржани од Одделот за техничка помош, којшто е неопходен за остварување на мисијата и целите на Фондот.

MIDF е финансиран со уделите на Австриското министерство за финансии, Германското федерално министерство за соработка и развој, Европската Банка за Обнова и Развој, Германската Развојна Банка KfW, Швајцарскиот секретаријат за економски работи (SECO), и Франкфуртската школа за финансии и менаџмент. 

 

2. За кои цели е формиран MIDF?

Земјите од Западен Балкан патат од сериозен недостаток на извори на финансирање за локалната инфраструктура. Последната финансиска и економска криза ги ограничи средствата што беа наменети за инвестиции во инфраструктурата. Како резултат на тоа, општините често немаат пристап до финансиски средства потребни за суштински инвестиции. Ова е несоодветна и неодржлива ситуација.

Со цел да се постигнат горенаведените цели, Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД) и Кредитната Банка за Обнова на Германија KfW го основаа MIDF – Фондот за инфраструктурен развој на општините во 2013 година. MIDF обезбедува доглорочно финансирање потребно за инфраструктурните инвестиции и помага да се премости недостатокот на фондови во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, и Србија.

 

3. Какви типови на инвестиции можат да бидат финансирани од MIDF?

MIDF индиректно обезбедува финансирање за изградба на нова инфраструктура, или за обнова или подобрување на постоечката инфраструктура, како што е

  • Водовод и канализација, третман на фекална вода 
  • Управување со ѓубре, станици за рециклирање, сортирање, депонирање или други третмани на ѓубре
  • Производство на енергија и топлина, на пример системи за затоплување, вклучувајќи мрежи, бојлери, централно и индивидуални станици за затоплување.
  • Јавни патишта, јавен паркинг, управување со сообраќај / сигнализација, автобуски станици, улично осветлување, зелени паркови и пешачки зони,
  • Енергетска ефикасност во јавен сектор и јавни згради,
  • Јавен транспорт и возен парк
  • Друга општинска инфраструктура која би се одобрувала случај по случај. 

 

4. Кој може да има корист од инвестициите MIDF?

Корисниците на инвестиции MIDF се:

  • Општини и регионални владини тела,
  • Установи или компании во сопственост на општините,
  • Други јавни институции коишто поседуваат или работат со општинска инфраструктура,
  • Приватен сектор којшто нуди услуги за општините (на пример автобуски сообраќај, компании за заштеда на енегрија, приватни локални компании за греење и енергија, итн). 

 

5. Какви видови на кредитни инструменти им нуди MIDF на банките?

MIDF нуди три видови на кредитни инструменти:

  • Кредитни линии – MIDF им обезбедува дополнителна ликвидност на банките учеснички по пазарни услови. За возврат, банките можат да ја прошират својата кредитна поддршка за крајните корисници.  
  • Преземање на ризик преку финансирање – MIDF и обезбедува договорен дел од средствата на банката за ко-финансирање на прифатлива инвестиција и сноси pro rata одговорност од ризикот за враќање на средствата.
  • Преземање на ризик преку гарантирање на средствата – MIDF и го гарантира договорениот дел од средствата на банката и ги дели потенцијалните загуби pro rata во случај на неможност за намирување на обврските од страна на корисникот. 

 

6. Какви видови на техничка помош обезбедува MIDF?

Техничката помош на MIDF им се дава на банките учеснички за целите на равој на силна финансиска структура за инвестирање во општинска инфраструктура. Ова опфаќа создавање на внатрешни системи и методологии за проценка на ризикот на општината и инфраструктурата, изготвување нацрти по шаблони за  финансиски документи, подготовка за длабинска анализа за влијанието врз животната и социјалната средина, следење на набавки и концесии. 

Техничката помош им дава поддршка на корисниците на MIDF со цел да се зголемат нивните административни и технички капацитети за време на развојот на проектот и фазата на имплементација. Ова вклучува подготовка на физибилити студии, нацрт-проект, тендерска документација, проверка на набавки и концесии, како и следење на проектот и изготвување на извештаи.