Прифатливи инвестиции
MIDF работи во соработка со локалните комерцијални банки во регионот, преку кофинансирање или споделување на кредитниот ризик на овие банки и/или преку обезбедување на ликвидни средства. Банките учеснички нудат кредити на прифатливи корисници за инвестиции во општинска инфраструктура во Западен Балкан, каде припаѓаат Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Поединечните кредити се со конкурентни услови дадени од банките учеснички, во согласност со нивните кредитни политики и нивната проценка за кредитен ризик. Кредитите можат да бидат на износи од 100,000 евра до 5 милиони евра со максимален рок на отплата до 10 години.
Прифатливи корисници
Корисниците на инвестициите од MIDF се:
- Општини,
- Установи или компании во сопственост на општините,
- Други јавни институции коишто поседуваат или работат со општинска инфраструктура,
- Приватен сектор којшто нуди услуги за општините (на пример автобуски сообраќај, компании за заштеда на енегрија, приватни локални компании за греење и енергија, итн).
Прифатливи инвестиции
MIDF индиректно обезбедува финансирање за изградбата на нова инфраструктура или рехабилитација или унапредување на постоечката инфраструктура, како на пример за:
- Водовод и канализација, третман на фекална вода
- Управување со ѓубре, станици за рециклирање, сортирање, депонирање или други третмани на ѓубре
- Производство на енергија и топлина, на пример, системи за затоплување, вклучувајќи мрежи, бојлери, централни и индивидуални станици за затоплување.
- Јавни патишта, јавен паркинг, управување со сообраќај/сигнализација, автобуски станици, улично осветлување, зелени паркови и пешачки зони,
- Енергетска ефикасност во јавен сектор и јавни згради,
- Јавен транспорт и возен парк
- Други проекти за општинска инфраструктура што би се одобрувале случај по случај.
