Процес на инвестиции

Процесот на донесување на одлуки на MIDF и процесот на реализација на инвестициите до крајните корисници се претставени во табелата подолу. 

Во поглед на инструментите на учество во ризикот, процесот на инвестирање содржи четири главни фази, коишто овозможуваат брза и ефикасен процес за одобрување на кредит: 

1. Прелиминарна фаза 

Банките учеснички го идентификуваат инвестицискиот проект за финансирање од страна на MIDF. Техничката помош од консултантите на MIDF и дава поддршка на банката учесничка во утврдување на обемот на проектот и отпочнување со понатамошна подготовка за истиот. Откако проектот е потврден како прифатлив за финансирање од MIDF, може да се продолжи во втората фаза.

2. Фаза на евалуација на трансакцијата

Банките учеснички и корисниците се потпираат на експертизата за техничка помош од страна на квалификуван кадар на инжењери и стручњаци за инвестиции. Консултантите им даваат поддршка на банките учеснички во проучувањето на техничките, финансиските, социјалните и еколошките влијанија на проектот. Дополнително, корисниците можат да сметаат на поддршка во подготовката на тендерот за финансирање во согласност со барањата на локалната легислатива. 

3. Финансиска завршна фаза

Откако проектот е целосно подготвен, корисникот започнува тендер за финансирање на проект, а банката учесничка праќа понуда за финансирање. Ако понудата е успешна, банката може да почне преговори за кредитната документација со корисникот, независно од MIDF. Откако кредитот ќе се одобри, предлогот за кредит ќе биде испратен до Комитетот за инвестиции на MIDF на крајно одобрување. 

4. Фаза на следење по потпишување

Банката ги следи кредитите по потпишувањето на документацијата според банкарските стандарди: одржување на кредитните досиеја, проверка на имплементацијата на проектот, следење на набавките и на стандардите за животна и социјална средина. MIDF им помага на банките учеснички во процесот на следење, доколку е потребно.

Што се однесува на инструментите на кредитната линија, MIDF не одобрува индивидуални кредити коишто се одобрени независно од страна на банката учесничка со внимателна проценка согласно нејзината сопствена процедура за кредитирање. За овие процеси може да се користи техничка помош според потребите.